Тројца избодени со нож на фестивал во Дортмунд: Конфликтот ескалирал поради божиќна песна

by Fokus

На божиќниот пазар во Дортмунд вчера изби тепачка со ножеви откако две групи луѓе се скарале поради божиќна песна.

Според германски Билд, станува збор за песната „Oh Du Fröhliche“, меѓутоа, други детали од конфликтот засега не се познати.

„Полицијата проверила неколку лица, но никој не е уапсен. Полицијата го одзела оружјето употребено во нападот, на повредените им била укажана итна помош, а двајца се пренесени во болница“, соопшти локалната полиција.

Како што пишува Билд, повредите не биле опасни по живот, а еден од двајцата мажи е задржан во текот на ноќта во болница на набљудување.

„Се уште не е сосема јасно зошто ескалираше спорот“, изјави портпаролот на полицијата.

Поврзани новости