Оперативниот центар за цивилна заштита започнал акција за пребарување и спасување на леталото. Спасувачите на терен ги пронајдоа остатоците од авионот нешто по 19:15 часот во шумската област Мали Маковник на планината Капела во округот Лика-Сењ.

Засега нема официјална потврда колку луѓе имало во авионот и дали сите загинале, но Хина неофицијално од пожарникарите од потрагата дознава дека во авионот наводно имало тројца Холанѓани и дека и регистрациите на авионот се холандски .

Вчера била организирана потрага во која на терен биле 120 лица, а со хеликоптер на Министерството за одбрана бил претресен и просторот на Лика.