467
Тројца холандски командоси на вежби во САД се ранети во престрелка пред нивниот хотел во Индијанаполис, соопшти холандското Министерство за одбрана.
„Еден од командосите е во критична состојба“, се вели во соопштението, во кое се додава дека локалната полиција го истражува инцидентот и дека нема уапсени.
Полицијата во Индијанаполис соопшти дека пукањето се случило околу 3:30 часот по средноевропско време, а ранетите командоси биле пренесени во локалните болници.
Според полицијата, дошло до судир меѓу војниците и локалните жители, што предизвикало пукање.