Тројца гостиварци уапсени поради марихуана

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, тројца жители на Гостивар биле приведени откако кај нив била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

„На 16.02.2020 околу 18.20 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода В.А.(21), Ф.З.(27) и 16-годишник, сите од Гостивар, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана“, додаваат од МВР.

Поврзани новости