841
Премиерите на Чешка, Полска и Словенија денеска со воз заминаа за украинскиот главен град Киев за да ја пренесат поддршката од Европската унија за Украина.
Петр Фјала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша се првите европски лидери кои ќе ја посетат Украина откако започна руската инвазија.
-Патот за Киев се случува на 20. ден од криминалната агресија на Владимир Путин на Украина. Во вака пресвртни времиња за светот, наша должност е да бидеме таму каде што историјата се кова. Ова е за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет без тиранија, напиша полскиот премиер Моравјецки на Фејсбук.
Инаку, и утринава продолжија гранатирањата на Киев, а две лица го загубија животот.