Тројца Бугари фатени со кокаин на „Деве Баир“

by fokus

Тројца бугарски државјани се лишени од слобода, откако при претрес на Граничниот премин „Деве Баир“, во нивното возило биле пронајдени ќесички со кокаин.

„Вчеравечер (17.12.), околу 23.15 часот на Граничниот премин “Деве Баир“ на влез во Р.Македонија, при вршење на проверки над бугарскиот државјанин В.Р.А.(47), како и проверки врз патничко моторно возило „Ауди 80“ со бугарски национални ознаки, управувано од лицето С.Г.Т.(35) а во кое како сопатник бил уште еден бугарски државјанин Т.Т.В.(41)., полициски службеници во внатрешноста на возилото пронашле две пакетчиња со кокаин со вкупна тежина од 115 грама. Трите лица се лишени од слобода во ПС за ГП и ГН „Деве Баир“, а кокаинот и моторното возило се предадени на ПС за ОН Крива Паланка, за понатамошна постапка“, велат од МВР.

 

Поврзани новости