Сторителот на тројното убиство во гимназијата во Сански Мост – Мехмед Вукалиќ, денеска по болничкото лекување во Бања Лука е приведен во Полициската станица Сански Мост, каде ќе биде сослушан под надзор на дежурниот обвинител, јавува Н1 Сараево.
Медиумот потсетува дека Вукалиќ во утринските часови на 21 август во гимназијата „Сански мост“ со огнено оружје ги убил директорот на училиштето, секретарката и професорката по англиски јазик.
Според претходно објавеното, Вукалиќ бил хигиеничар во гимназијата кој извесно време имал несогласувања со раководството на училиштето, а претходно се жалел на дискриминација.
Против него се водела дисциплинска постапка, а на денот на убиството, според неофицијални информации, таргетирал и барал лица кои биле во тие дисциплински комисии и ги застрелал, пренесуваат медиумите од БиХ.