Триумф на Верстапен на јапонското Гран При

by Fokus

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен стигна до трета победа сезонава. Тој триумфираше на јапонското Гран При, што е четврта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Верстапен водеше од почеток до крај на трката.

Трикратниот светски шампион трета година по ред славеше на популарната „Сузуки“ и со тоа ја забележа 57-та победа во кариерата.

Зад него беше неговиот тимски колега Серхио Перес, додека возачот на Ферари, Карлос Саинц јуниор беше на третото скалило на подиумот. На овој начин, Шпанецот стигна до подиумот на сите трки што ги возеше оваа сезона, откако е познато дека ја пропушти трката во Саудиска Арабија, поради операција на слепо црево.

Во генералниот пласман сега води Верстапен со 77 бодови, го следи Переz со 64, додека Леклер е трет со 59 бода.

Следната трка во Формула 1 е на 21 април за Големата награда на Кина.

Поврзани новости