Трите нови мутации на корона вирусот се шират низ светот

by Fokus

Новата мутација на корона вирусот, што првпат беше откриена во Велика Британија, набрзо се појави во уште седум земји и сега е регистрирана во вкупно 101 земја од светот.

Мутацијата на вирусот, што првпат беше откриена во Јужна Африка, пак, е проширена во 41 земја од светот, додека таканаречната бразилска мутација во моментов е активна во 29 земји од светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), јави Тасс.

Таканаречениот британскиот вид се појави минатиот септември, јужноафриканската варијанта циркулира од август 2020 година, а бразилската варијанта на корона вирусот е активна во Бразил и Јапонија од декември минатата година, додава СЗО.

Поврзани новости