Трите деца на англискиот фудбалер, членот на минхенски Баерн – Хари Кејн се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во понеделникот во Баварија, пренесува Билд.
Како што пишува весникот, Луис, Вивиен и Ајви на 3, 5 и 7 години се повредени кога комбето во кое се наоѓале се судрило со автомобил.
Според информациите, несреќата се случила кај Шафтларн, во областа Минхен околу 17:15 часот, а второто возило го управувале 20-годишна жена.
Во возилото имало тригодишно дете, како и лица на возраст од 43 и 48 години.
Децата на Хари Кејн биле придружувани од 24-годишна жена, која управувала со комбето.
Наводно, несреќата ја предизвикал автомобил управуван од младата жена. За среќа, повредите не се сериозни, иако возилата биле прилично оштетени.
Несреќата се случила кога Кејн пристигнал во Лондон, на натпреварот меѓу Баерн (М) и Арсенал кој заврши нерешено 2:2.