Директорот на домот, Стевче Соколовски, не информираше дека денеска ги лоцирале децата, по што најави дека за кратко ќе бидат вратени во домот.
-Според нашите информации децата, две сестри и брат, се вратиле кај едниот родител. Во тек е процедурата за нивно враќање во домот, каде што престојуваат околу 8 месеци, вели директорот Соколовски.
Тој додава дека често пати се случува децата да избегаат од установата, и да се вратат кај своите родители.
-Тука се сместени деца кои питачат, деца од улица, деца кои не одат на училиште… Каков и да им е домот, тој им недостасува, па затоа често пати, особено на почетокот не можат да се навикнат на новата средина и се враќаат дома, информира Соколовски.
Директорот додава дека во домот, моментално се сместени 26 деца, кои законски во оваа установа се задржуваат најмногу во рок од 3 години.