Зоран Заев заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија ги остави граѓаните без капка вода, обвини дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој посочи дека во 2020 година земјоделците нема да имаат вода за наводнување и ќе има и прекини во водоснабдувањето со вода за пиење.
-Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со водата за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и македонската економија. Само за пример во езерото Калиманци моментално има нешто над 30 милиони метри кубни вода. За задоволување на потребите на земјоделското производство на потегот од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Фалат цели 70 милиони метри кубни вода кои власта наместо да ги чува ги потроши за производство на електрична енергија – рече Трипуновски.
Тој посочи дека хидроакумулациите се испразнети и за повеќе од 2/3 од своите капацитети, односно, според него, Тиквешкото езеро е намалено за 70 отсто, езерото Калиманци за 75 отсто, Турија за 65 отсто, Прилепското езеро за 85 отсто, Стрежевското езеро за 72,5 отсто итн.