Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска поднел три кривични пријави против министерот за земјоделство, Трајан Димковски.
Денеска бев во ЈО на Републука Македонија, поднесов три кривични пријави против Трајан Димковски и други поврзани лица…
Publiée par Цветан Трипуновски sur Mercredi 26 février 2020
„Денеска бев во ЈО на Републука Македонија, поднесов три кривични пријави против Трајан Димковски и други поврзани лица за низа кривични дела кои оваа власт ги стори во минатото.
Продолжувам со обелоденување на скандалите на СДСМ во земјоделството. Одговорност ќе има. Доколку обвинителството молчи, се ќе биде процесуирано по 12 април, откако ќе се ослободи правната држава и ќе завладее правото.
Нулта толеранција за криминал. Одговорност за сите кои се огрешиле пред законите“, соопшти Трипуновски на својот фејсбук-профил.