Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на вештачки мрест на Охридската пасртмка.
„Оваа активност се спроведува по шест години застој“, истакна Трипуновски.
„За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е со цел излов на матици и собирање на икра при што двете институции согласно обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра од кои ќе се одгледа подмладок за порибување”, додаде министерот.
Оваа активност е многу значајна за зачувување на Охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства и за екосистемот на езерото.