Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски по денешната снимана и на Фејсбук објавена ненајавена контрола на едно подрачно одделение, во стилот на Бујар Османи, вели дека немало прекршување на Законот за лични податоци и дека јавен интерес било снимката да биде објавена.
-Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории. Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше.
Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.
Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа.
Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден, објави Трипуновски на социјалните мрежи.