Градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев и дополнителниот заменик-министер за земјоделие, Цветан Трипуновски денеска се сретнаа на улица и се испокараа. Пред кавгата, Трипуновски на прес конференција обвини дека мајката на градоначалникот земала државно земјоделско земјиште под закуп и субвенции во два наврати, а притоа не го платила закупот.
-Ако мислиш дека си прав, ајде поведи постапка против мене. Ајде, тужи ме за клевета, вели заменик-министерот.
На ова, градоначалникот одговара:
-А бе јас не те тужам, јас те гледам во очи. Немам потреба да те тужам, бе!“, одговара градоначалникот.
Трипуновски, пак, му возвраќа:
-Како бе со речник „бе“, така ли ве учат во Ес-Де-Ес? Јас сум за тебе министер!.
-Ти не си за селски пољак, не за министер. Вие сте злобни луѓе, одговара Илиев.