517
Техничкиот заменик-министер за земјоделие предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски во вечерашното гостување на телевизија 24 се пожали дека се уште не е оспособена канцеларијата која тој треба да ја користи.
-Дури денеска почна да се ослободува канцеларијата која треба да ја користам. Се надевам дека од утре ќе можам да ја користам. Уште од пред неколку месеци се знаеше дека ќе има техничка влада, просторот требало на време да биде подготвен. Министерот кога дојде на позицијата не чекаше 10 дена, туку веднаш влезе во канцеларијата, рече Трипуновски.