Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски го обвини менаџментот на „Македонски шуми“ за тоа што не обезбедил плати за вработените, кои денеска излегоа на протест.
Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените.
„Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење“ вели Трипуновски.
Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.
„Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! – изјави Трипуновски.