Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат на зграда во Мостар

by Fokus

Тринаесетгодишно девојче е во критична состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар, пренесе Клик.ба.

Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница (СКБ) во Моастар, потврдија од оваа здравствена установа.

Според првите информации девојчето се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Според неофицијални информации, девојчето паднало од шести кат. Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, а повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.

Поврзани новости