Разрешувањето на Зврлевски доби по еден глас од ДПА и од БЕСА. БЕСА има пет пратеници во парламентот, од нив четворица не беа присутни, а својот глас “за” го даде само пратеникот, Африм Гаши.
Ретка прилика е во собранието да се види лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој исто така со својот пратенички глас вчера придонесе во разрешувањето на Зврлевски. Сите пратеници на владејачката коалиција СДСМ и ДУИ беа присутни и гласаа на седницата откако претходно им беа потребни неколку часа да се соберат и да формираат мнозинство поради што седницата беше одложена за попладневните часови.
Меѓу останатите партии кои помогнаа во симнување на досегашниот шеф на републичкото јавно обвинителство се: ЛДП, ДОМ, НСДП, Алијанса за Албанците, Партијата за движење на Турците, Партијата за европска иднина, Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, Српската странка во Македонија и петмина независни пратеници.