Тринаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

by fokus

Тринаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.

Изминатите 24 часа со поголема брзина од дозволената возеле 45 возачи, двајца биле под дејство на алкохол, 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат моторно возило и тројца биле почетници. Шест возачи поминале раскрсница на црвено светло, а двајца не им дале предност на минување на пешаци.

Од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Сообраќајната полиција издала 64 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.

Поврзани новости