Тринаесетгодишно момче преживеа пад од височина од речиси 30 метри во Големиот Кањон во американската сојузна држава Аризона.
Во вторникот, на спасувачите им беа потребни два часа да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно, откако тој падна од карпа на популарната туристичка локација Северен Рим.
Со тешки повреди со хеликоптер и авион бил префрлен во болница, но потоа бил пуштен на домашно лекување.
Вајат за локалната телевизија изјавил дека паднал откако се потргнал за да не падне во кадар на луѓето кои се фотографирале на тоа место.
Тој се спуштил и со едната рака се држел за камен, кој му се лизнал од раката и почнал да паѓа, опиша момчето.
„По падот не се сеќавам на ништо. Само се сеќавам дека се разбудив за секунда и бев во амбулантно возило и хеликоптер и ме качија во авион“, изјави Кауфман за телевизијата Феникс KPNX додека лежеше во болница.
Скршил девет пршлени, му пукнал слезината, ја скршил раката, а белите дробови му откажуваат.
Вајат бил донесен на безбедно од страна на членовите на тимот на националниот парк на Големиот Кањон, кои се спуштиле од карпата до него, бидејќи процениле дека хеликоптерот нема да може да слета поради неповолниот терен.
„Многу сме благодарни за напорите на сите“, изјави Брајан Кауфман, таткото на Вајат, кој во моментот на несреќата бил дома во Северна Дакота.
„Исклучително сме среќни што детето се врати дома, седејќи на предното седиште во автомобилот, а не што ни беше предадено во ковчег“, додаде тој.