326
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово Флоријан Ќехаја денеска ќе засадат 13 дрва по повод 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.
Во паркот на Чаир, како што соопшти МНР, симболично ќе се одбележат одличните добрососедски односи, традиционалното пријателство и тесната врска меѓу граѓаните на двете држави.
Настанот се организира по иницијатива на Амбасадата на Република Косово.