Околу тоа дали ќе се набави лекот „трикафта“, министерот за здравство, Беким Сали кажа дека тој не значи оти е по автоматизам идеален лек за сите пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.
– Пациентите од цистична се префрлени од Козле за да бидат подобро третирани во терцијарно ниво. Пациенти над 18 години се на Клиниката за пулмологија, а оние под оваа годишна возраст, се третираат во Педијатрија, односно Клиниката за детски болести. „Трикафтата“ засега, според регистерот на пациенти со цистична фиброза, е лек наменет за осум пациенти. Меѓутоа, според нашите информации од двете клиники, се работи за 65 пациенти. „Трикафтата“ е лек составен од три лекови, што се во едно. Меѓутоа, тоа не значи дека сите пациенти треба да ги добијат сите три одеднаш. Значи, зависно од генетската предиспозиција за болеста, треба да се даде одредена терапија, ја гледаме и можноста дали еден дел од лекот, што веќе постои и се применува кај нас, дали може да продолжиме со терапија само со еден дел од терапијата, односно само со едниот вид на лек што е внесен во новиот „трикафта“ лек, истакна Сали.