Тригодишно дете починало од тепка неухранетост во Австрија и покрај тоа што живеело во богато семејство, пренесуваат австриски медиуми.
Елијас (3) заедно со трите сестри и родителите живеел во Тирол. На истражителите засега не им е јасно како дошло до оваа трагична ситуација.
Во четвртокот започна сослушувањето на родителите осомничени за убиство. Според австриските медиуми, родителите по немилиот настан биле во психијатриско одделение поради неурамнотежена психичка состојба во која западнале откако им починал синот.
Момчето неподвижно во кревет го пронашол неговиот татко, кој веднаш ја алармирал полицијата. Во вторникот била извршена обдукција, при што било утврдено дека момчето починало од неухранетост – на него имало само коски и кожа. Портпаролот на јавниот обвинител при објавувањето на оваа информација за малку ќе заплачел.
Соседите се шокирани од смртта на малото дете и велат дека „не можеле да замислат дека таков хорор ќе се случи во нивната зграда“.
„Изгледаа нормално и среќно. Момчето секогаш беше преоблечено, чудно“, додала една соседка.
„Елијас секогаш играше сам, беше блед и тивок. Секогаш беше преоблечен, со чуден изглед“.
Велат дека имале можност да го видат момчето на стари фотографии на социјалните мрежи и дека малиот бил „буцкаст“, но родителите го избришале.
Родителите на Елијас моментално се во истражен затвор, додека неговите три сестри се под јурисдикција на социјалните служби, а како што утврдиле лекарите, ниту една од нив не е неухранета.