Тригодишно дете е убиено во престрелка близу Атина

by Fokus

Тригодишно момче го загуби животот откако беше смртно рането во пределот главата, кога врз автомобилот во кое било заедно со неговите родители, во населба во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, бил отворен оган од засега непознати лица.

Детето (3) починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница.

Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во Маркопулос.

Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобили. Наводно, еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.

Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури.

Детето се здобило со прострелна рана во главата, а неговите роднини брзо го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом.

Оттаму детето со возило на Брзата помош било префрлено во детската болница.

По приемот детето не давало знаци на живот.

Поврзани новости