Триглав пензиско друштво АД ја започнува својата приказна во 2019 година како најмлад член на Групација „Триглав“ и во системот со мисија да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар.
И покрај многуте предизвици со кои се се соочи Друштвото од самиот почеток, „Триглав пензиско друштво АД“ успеа да прерасне во уште една реномирана финансиска институција под брендот Триглав. Градејќи системски водена структура на делување согласно правната рамка на пазарот на КФПО, но и значајно поткрепени со групациско искуство и инфраструктура, Друштвото нуди решенија кои ќе создаваат значајна и долготрајна вредност за сите членови, за пензискиот систем во целина, како и за акционерите, вработените, соработниците и сите други засегнати страни.
Во овие пет години „Триглав пензиско друштво“ прерасна во најбрзо растечко Друштво на пазарот. Оваа јубилејна година ја одбележува со резултати на кои сме особено горди, истакнаа на вчерашната прес-конференција членовите на Управниот одбор.
Согласно официјално објавените податоци, Друштвото бележи значителен раст на пазарниот удел во сегментот на членство во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување достигнувајќи пазарно учество од околу 10%. Исто така, во областа на доброволното пензиско осигурување бележи двоцифрен раст на средствата под управување.
„Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар“, изјави Тихомир Петрески, претседател на УО. Првиот значаен јубилеј на „Триглав пензиско друштво“ претставува повод за креирање на кампањата „Триглав за тебе“, преку која се става акцент на уникатноста на Друштвото во индивидуалниот пристап до секој поединец во системот, но и фокус кон градење на доверба кај членството преку креирање на додадена вредност за сегашните и идните генерации. Со тоа, јасно и недвосмислено се истакнува пораката дека „Триглав пензиско друштво“ е тука за сите постојни и идни членови, но и за своите вработени, соработници и други чинители во системот, а кои се суштински важни за деловниот модел во целина.
„Пензиската заштеда по пензиските сметки на членовите се формира од уплатените придонеси или преноси по друг основ, како и од остварениот принос од инвестирањето на тие средства што го врши „Триглав пензиско друштво“ преку своите стручни лица и воспоставената инфраструктура.Во моментов се грижиме за заштедите на над 60.000 членови во пензиските фондови со кои управуваме, изјави Маријан Николовски, член на Управниот одбор.
Друштвото посветено ќе продолжи да работи на исполнување на својата фидуцијарна должност што подразбира спроведување на високи стандарди во работењето, грижа за развој на вработените, потенцирање на високите етички барања и потребниот интегритет за вршење на оваа дејност.
„Триглав пензиско друштво АД“ ќе остане доследно на намерите и настојувањата да биде значаен фактор во развојот на пензискиот систем и континуирано ќе работи на зголемување на пензиската свесност, при што заедно со останатите чинители на системот ќе ја потврди улогата на значаен фактор на одржливост на пензискиот систем и социјалната сигурност во целина.