Трифун Костовски ги воскресна сомневањата и ги актуализираше тврдењата дека банките на чело со Комерцијална банка прават незаконски шеми со кредити и позајмици. Сите институции, па и Комерцијална банка се јавија со реакции, со кои покажаа дека банкарскиот систем е недопирлив во земјава
Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
По точно две години откако обзнани дека банката каде што беше мнозински сопственик пропадна и дека оди во стечај, Трифун Костовски излезе на прес-конференција со еминентни банкарски експерти и ја обелодени неговата вистина за пропаѓањето на Еуростандард банка. Две години, Костовски е постојано присутен во јавноста со колумни, мислења и ставови и грчевито се бори да докаже дека неговата банка беше неправедно затворена.
Својата одговорност ја прифаќа, но сега со два извештаи, еден на 160 страници за Еуростандард банка и еден на 1.200 страници докажува дека нешто е гнило во банкарскиот систем. Како да сака да каже, да, виновен сум, но има други поголеми играчи што го разоруваат банкарскиот систем во земјава.
Она што го кажаа Костовски и експертите не е целосно непознато за македонската јавност, но со извештаите го воскреснаа случајот „Банки“ и ги разбудија сомневањата во јавноста за функционирањето на банкарскиот систем.
-Еуростандард е убиена, односно однесена во стечај со умисла. Оној момент кога го сменивме Управниот одбор, почнавме да трагаме по парите каде се завршени, тогаш се донесе одлука од сивата еминенција, која го владее економскиот живот во Македонија. Народна банка го направи сатарот, рече Костовски.
„Фокус“ го праша Костовски која е сивата еминенција што ги врти парите во земјава.
-Хари Костов на чело со останатите управни одбори на банки спомнати во истрагата. Кај Комерцијална банка се заложници најголемите политички партии, кои пред секој изборен циклус, посебно, одат на „баци рака“ поради доцнење со отплата на кредити, камати, затезни камати, хипотекарен имот итн. , вели Костовски за „Фокус“.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК