609
„Бојко Борисов? Долга приказна со многу прашања и малку одговори. Па, време е да дознаеме“ – ова го напиша лидерот на ИТН Слави Трифонов по повод апсењето на лидерот на ГЕРБ.
-Апсолутно се согласувам со премиерот. Да, никој не е над законот. Звучи како клише, но воопшто не ми е грижа. Владеењето на правото е најважната неопходност за да живееме нормално. Толку е едноставно, нагласи Трифонов.
Претходно неговата партија соопшти дека од медиумите дознала за акцијата против високи функционери на поранешната власт.