„Ветото против Северна Македонија за нејзин прием во Европската унија треба веднаш да се врати“. Ова на Фејсбук го напиша лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ – Слави Трифонов.
„Додека во Бугарија срамно политичко мнозинство и срамна политичка влада се обидуваат да функционираат, во Северна Македонија друг Бугарин беше претепан. Ќе кажам `Северномакедонец со бугарска самосвест`, но самото излагање на овие зборови ме прават да се згрозам, се срамам. Интересно е што партиите кои го сочинуваат срамното политичко мнозинство во моментов во Бугарија заедно гласаа да се откажат од ветото за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Очигледно тогаш се роди нивното политичко единство. А тие се виновни што моментално во Северна Македонија палат, демолираат и тепаат Бугари, а оваа работа нема да престане со декларации во парламентот, политички муабети и меѓусебни обвинувања“ напиша Трифонов.