Триесетина македонски државјани вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје откако успешно беа евакуирани од Кабул, каде талибанците ја презедоа целосната контрола во државата.
Меѓу нив се лица кои работеле во Авганистан во воена база во близина на аеродромот во Кабул.
-Ние бевме во воената база, бевме под контрола на Армијата и тие не повлекоа од Кабул во Катар, па преку Истанбул во Скопје. Безбедно бевме евакуирани и во ниту еден момент не бевме во ризик – вели Реџепи Мехмет.
Неговиот колега, Газменд Арифи, пак, изјави дека евакуацијата се одвивала добро организирано и во ниту еден момент не дошле во контакт со талибанците.
На координативниот состанок што се одржа попладнево во Владата од Министерството за надворешни работи информираа дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро сите да пристигнат дома.