101
Триесет дена притвор за таткото кој ја претепа својата двегодишна ќерка и која почина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од СВР Охрид.
Како што велат од таму, 30-годишниот Ф.Д. е спроведен во казнено-поправната установа „Затвор-Битола“.
Основното јавно обвинителство Кичево вчера соопшти дека е покрената истрага за случајот.
Осомничениот на 18 декември минатата година со раце и нозе ѝ нанел повеќе удари на ќерката, предизвикувајќи ѝ тешки телесни повреди. Девојчето се здобило со скршеница на коска на черепот, мозочно крвавење и скршеници на две ребра. Како што беше соопштено, мајката ја донела во болница во коматозна состојба.