Триесет редовни студенти од Кочани добија стипендии од општинскиот буџет од по 3.000 денари месечно

by Fokus

Триесет редовни студенти од Кочани, кои се запишани на јавните високошколски установи во државата, добија стипендии од општинскиот буџет за тековната студиска година од по 3.000 денари месечно.

Како што истакна градоначалникот Љупчо Папазов, целта е младите луѓе да се мотивираат и да постигнат подобри резултати во образованието.

По поднесените пријави, 17 стипендии се доделени на студенти на факултетите за медицина, две за архитектура и градежништво, а останатите се за кандидати кои се образуваат на општествените науки.

Поврзани новости