372
Триесет и тригодишен пешак тешко повреден по удар од автомобил, информира министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, пред влезот за тетовско Одри, вчера, во 15 часот, патничко моторно возило „тојота“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувала 37-годишната Х. Р. Б. од тетовски Порој, удрило во пешакот Ш. Ќ. (33) од Одри.
Пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.