253
Вчеравечер (8 ноември) околу 22 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.Б., кој бил пријавен дека еден час пред тоа во станот во кој заедно живееле во Тетово физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.