701
Пациентот на 33-годишна возраст кој почина во болницата „8 Септември“ поради компликации од ковид-19 имал прекумерна телесна тежина и вирусот направил тешка пневмонија, информираат од Министерството за здравство.
„33 годишниот пациент кој почина во ГОБ „8 Септември“ бил со прекумерна телесна тежина и вирусот направил тешка билатерална пневмонија. Тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот, во болницата се лекувал 2 недели. Од самиот прием бил со ниска сатурација и за цело време на неинванзивна механичка вентилација. Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал“, информираат од Министерството за здравство.