35
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 14.05.2024 во домот во с.Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57), кои од здобиените повреди починале на местото.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.