Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 36 лица го загубија животот.
Спасувачките екипи се уште се на терен.
Спасувачот кој се нашол на местото на несреќата за медиумите изјавил дека на местото на инцидентот биле испратени 20 доброволци, но не можело да се приближи до првите вагони токму поради огромниот пожар.
– Ситуацијата беше трагична, имаше многу загинати. На нивите најдовме пет луѓе кои не беа живи, а во вагоните – главно во првите три – немаше никој жив. Повредените уште во првиот час ги оставија вагоните, а потоа ги извадивме само мртвите – изјави спасувачот.
Зборувајќи за идентитетот на жртвите, спасувачот рече дека повеќето од нив се студенти.
– Повеќето од загинатите што ги најдовме се мали деца, а 80 проценти се млади мажи и жени на возраст под 30 години.
Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.
Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.
Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.
Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.
Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.
Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.