Тричковски ветува: Ќе се бориме до крај за дресот со државен грб

by Fokus

Во пресрет на неделниот натпревар (18 часот) со Австрија, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека со пласманот на Европското првенство е остварен сонот на нацијата.

– Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството, истакна Тричковски.

Во Ц-групата покрај овие две репрезентации се наоѓаат и Холандија и Украина.

Поврзани новости