Три жени од Кавадарци позитивни на Ковид-19

by fokus
Во последните 24 часа пристигнати се позитивни резултати за три жени од Кавадарци, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Пациентките се на возраст од 29, 49 и 58 години, а се тестирале поради пројавени симптоми на вирусот.
-Само една од нив веќе имала контакт со позитивно лице, останатите две не знаат како се инфицирале. Работиме на утврдување на нивните контакти, сите три имаат симптоми и засега остануваат на домашно лекување, во постојан контакт со матичните лекари – појаснуваат од ЦЈЗ.
Во Кавадарци од почетокот на пандемијата се инфицираа 198 лица, а активни се 27 случаи.
В.К.

Поврзани новости