МВР информира дека вчера попладне во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.А.(51) од Куманово, со живеалиште во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Денеска во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.09.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка.
Еден час подоцна, во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со К.В.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 33 – годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на сите три случаи МВР ќе поднесе соодветен поднесок.