Три возила се судриле во Автокоманда – едното заврши превртено на кров, а три лица со повреди

by Fokus

Три возила се судриле попладнево во скопската населба Автокоманда, а едното заврши превртено на кров. Според информациите од МВР, во несреќата повредени се три лица кои се префрлени во болница.

Сообраќајката се случила поточно на булеварот „Александар Македонски“ околу раскрсницата со улицата „16-та Македонска бригада“, едното од возилата од ударот е превртено на кров.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Фото: 360 степени

Поврзани новости