396
Три училишта во Подгорица и едно во Бијело Поље денеска се евакуирани поради дојава за подметнати експлозивни направи.
За дојавите за експлозивни направи во школите соопшти црногорското Министерство за образование и наука.
-По дојавата за бомба во некои училишта, директорите на училиштата ги презедоа сите неопходни мерки и децата се безбедни, објави РТЦГ.
Од полицијата велат дека ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност и дека наскоро ќе се огласат со соопштение.