Сите три сценарија се поврзани со водечката политичка улога во бугарското општество на претседателот Румен Радев
Пишува: Марјан ЃОРЧЕВ
Различните идеолошки и програмски цели на четирите коалициски партнери (“Продолжува Промената”,”Бугарската Социјалистичка Партија”,”Има Таков Народ” и “Демократска Бугарија”), коишто со помош на своите пратенички групи во бугарското Собрание,овозможија кабинетот на премиерот Кирил Петков да има мнозинска подршка,беа клучната пречка за стабилна и долгорочна владина програма.
Со напуштањето на партијата “Има Таков Народ” на коалицискиот блок, кабинетот на Кирил Петков е веќе со статус на малцинска влада.
Што може да се очекува во иднина.Според мене,има три основни сценарија како ќе продолжи да функционира бугарската влада во иднина.Сите три сценарија се поврзани со водечката политичка улога во бугарското општество на претседателот Румен Радев.
Цврста позиција на Радев
Независно од тоа како беше претставувано во јавноста “наводно” влошената политичка координација помеѓу Петков и Радев, политичкиот рејтинг на Радев кај бугарските граѓани е сеуште гарант за неговата водечка улога во креирање на политичкиот амбиент во Р.Бугарија.
По сите прашања за коишто помеѓу коалициските партнери имаше несогласувања,Радев има цврста и непоколеблива позиција.Тоа се однесува како на аспектите на енергетеската,економската и здравествена криза,така и во контекст на украинската криза,но и во однос на непопустливоста на Радев кон отпочнување на преговори на Македонија со Унијата, се додека не бидат исполнети сите бугарски барања?!
Можни сценарија:
Прво, малцинската влада на Петков да продолжи да функвионира извесен пократок период на време,за којшто период ќе се подготвува државата за неизвесниот зимски период и недостигот на енергетски ресурси во Р.Бугарија,како и да се спречат бранови од социјални протести заради високата инфлација и намалениот животен стандард на наелението.
За тоа ќе биде потребна подршка од партиите “ГЕРБ” и турската етничка партија “Движење за правата и слободите на граѓаните”. Овие две опозициски партии ќе даваат поддршка за малцинската влада,а истовремено ќе се подготвуваат за предвремени избори.
Оној момент кога партиската агенда ќе наложи дека е моментот за нови избори, веднаш ќе пристапат кон рушење на владата на Петков.
Второ, заради нарушените односи помеѓу претеседателот Радев и лидерот на опозицијата Борисов,можно е доколку ГЕРБ процени дека има шанси да победи на предвремените парламентрани избори,да се оди веднаш на изгласување на недиоверба на владата на Петков.
ГЕРБ за тој вид на политичка акција ќе мора да добие согласност од САД и Унијата,затоа што негативните хипотеки од единаесетгодишното владение се огромни.
Техничка влада
Трето, не се исклучува можноста Радев пак да се обиде, во услови на политичка криза во Р.Бугарија,да го “менаџира” процесот на предвремени парламентarни избори.
Toa ќе значи обид на Радев, неговата техничка владада создаде амбиент во којшто единствена солуција за справување со политичката криза во Бугарија е продолжено управување со државата од страна на една техничка влада,којашто е под апсолутна контрола на претседателот.
Ова е можнозатоа што политичката фрагментација во бугарската држава во актуелниот момент, не обезбедува ниту една политичка партија да обезбди мнозинство гласови во бугарскиот Парламент.
Во сите овие три сценарија, ниту во едно не се гледа можност за надминување на спорот со македонската држава.
Мачен процес
Јас повеќе пати во изминатите две и пол години укажував дека спорот со Р.Бугарија има длабоки вековни корени! Тој спор не може да биде разрешен на начин како што ние посакуваме, со кревање на бугарското вето за отпочнување на преговори со Унијата,без да се знае генезата на тој спор и крајните цели на Р.Бугарија.
Тие бугарски цели,бездруго не се во согласност со европските и цивилизациски вредности, но со нив мора да се соочиме и да знаеме дека нашиот процес на отпочнување на преговори со Унијата ќе биде бавен и мачен процес.
Тој процес не зависи само од решавањето на спорот со Р.Бугарија! Нашиот пат кон Унијата зависи многу повеќе од тоа дали Унијата ќе го афирмира проширувањето на Унијата со нови членки или, како и досега,ќе биде скептична.Р.Бугарија истакнува дека Р. Македонија може да биде членка на Унијата, но без македонизмот.
А зошто ни е тогаш потребна Унијата, ако ние не сме повеќе Македонци!?
(Авторот е поранешен амбасадор во Бугарија)