639
Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.
Додаде дека во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром.