Во полицијата вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.
-Во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Б. (46) од Гостивар затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Струмичанец бил пријавен од неговата сопруга дека физички ја нападнал
-Во 17.30 часот, пак, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ќ.Ј. (35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. И во овој случај по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Третиот случај е пријавен доцна синоќа во Скопје, жена пријавила дека е нападната од невенчаниот сопруг.
-Вечерта во 21.35 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Република Србија пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг У.Ш. (35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.