Три пожари активни, најголем е на Криволак

by Fokus

Рано утрово, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари.

Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер.

Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни.

Вториот пожар е нов пожар што е забележан за време на сегашното утринско хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде што е зафатена дабова шума и постои можност за проширување. Кон овај пожар се упатени екипи од ТППЕ Радовиш со теренско ПП возило.

Третиот пожар е пожарот што во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во Општина Василево, Струмичко.
Пожарот во текот на ноќта го намалил својот интезитет, утрово чади на некои места, но нема активен оган.

Во случај на потреба за дополнително воздушно дејствување по пожарт, на располагање стои и ,,ер тракторот” на ДЗС.

Поврзани новости