Три пензионерки измамени во Кавадарци, од две земени над 2.000 евра, третата му кажала на измамникот дека нема „скршен“ денар, па се спасила!

by fokus

Измамени се три жени од Кавадарци, сите на возраст од над 70 години, само за една недела.
Како што информираат од СВР Велес, за денешниот случај, пензионерка пријавила во полиција дека лице кое и се претставило како јавен обвинител и побарало пари, под изговор дека нејзиниот внук удрил дете мигрант со автомобил. Таа имала само 200 евра кај себе и му ги дала.

Пред два дена пак, кавадарчанка на возраст од 73 години наседнала на измамата, и на лицето кое и се претставило како полициски инспектор му дала 100.000 денари и 450 евра.
Како што појаснила во полициската станица, измамникот и кажал дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант, и и побарал 50.000 евра за да тој не оди во затвор.
Откако му кажала дека има само 100.000 денари и 450 евра, тој ги зел парите, а кога жената сфатила дека е измамена, пријавила во полиција.

Третата пензионерка пак, од која измамникот се обидел да земе пари, му кажала дека нема кај себе ,,скршен” денар, по што тој си заминал со празни раце.

-Се работи на расчистување на случаите и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава. Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаеви редовно да ги пријавуваат во полиција – изјавија од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости