Три недели по смртта, младиот Мемет Камбер се уште не е погребан, се најавува протест пред Собрание

by Fokus

„Три недели по смртта на Мемет Камбер, телото се уште не е предадено кај роднините за да биде достојно погребано. Ги повикуваме сите политички и административни чинители до среда 14.06.2023 да ја разрешат оваа состојба и да овозможат достоен погреб на починатиот. Во спротивно Ромалитико на ден 16.06.2023 ќе организира протест пред Собранието на РСМ, институција од која исто така се очекува да ги донесе сите потребни измени на законите за во иднина да не ни се повторат вакви случаи“ се вели во соопштението на невладината.

Оттаму апелираат „дека е време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта. Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение“.

„Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста запристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи“ велат од „Ромалитико“.

 

Поврзани новости