Три модели за реформирање на безбедносно-разузнавачките служби

by fokus

Три модели се во оптек за во поширокиот процес на реформирање на безбедносно-разузнавачките служби и обидите за ставање крај на партиски политички и какви било други влијанија врз работата на овој сектор. Ова го најавија денеска на прес-конференцијата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на УБК, Горан Николовски.

Спасовски истакна дека уште денеска на владина седница ќе поднесе информација за претстојните реформи, ќе биде формирана работна група која ќе го спроведува целокупниот процес на консултации со сите чинители коишто се релевантни во овој сегмент. Предвидено е консултациите да почнат од овој месец и да завршат до 15 ноември.

Целта е да се воспостави безбедносно разузнавачки систем којшто ќе биде отпорен на какви било мешања и негативни влијанија и којшто ќе биде во функција на заштита на граѓаните и државата.

На Македонија, како што рече Спасовски, и е потребен безбедносно разузнавачки систем што ќе биде на ниво на службите на земјите членки на ЕУ.

Директорот на УБК, Николовски истакна дека со овие реформи се цели да се воспостави професионален модел којшто ќе биде отпорен на политичките партиските бизнис и други влијанија.

Министерот Спасовски додаде дека не подоцна од 1 ноември ќе почне да функционира новиот систем за следење на комуникациите што беше дел од севкупната реформа на безбедносно разузнавачкиот систем. 

Поврзани новости